Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери се есенски вицешампиони во Супер Лигата
Помладите пионери се есенски вицешампиони во Супер Лигата

Помладите пионери се есенски вицешампиони во Супер Лигата

Помладите пионери се есенски вицешампиони во Супер Лигата.

Генерацијата 2008 ја игра својата прва сезона во Супер Лигата, во која се наоѓа на второто место во есенскиот дел од сезоната. Екипата која ја предводи Влатко Колев освои вкупно 27 бодови, или на 11 одиграни натпревари има скор од 9 победи и 2 порази. Имавме лош почеток на сезоната кога загубивме на гостувањето кај екипата на Шкупи, но после тоа коло, вардаровите надежи беа во победничка серија, се до одигрување на одложениот натпревар на домашен терен против екипата на Брера кој го загубивме минимално. Заедно со екипата на Шкендија го имаме најдобриот напад со 33 постигнати голови, додека примивме 11 голови.

Двајца играчи постигнаа идентичен број на голови во овој дел од сезоната, се работи за Стефан Бујароски и Дамјан Буцевки кои имаат по 9 голови. Во листата на стрелци се запишуваа уште и Петар Блажевски (3), Христијан Јевтоски, Ендрит Кадрији, Кристијан Лазаревски, Илија Митаноски (2), Душан Бојовиќ Заев, Матеј Георгиев, Стефан Стаматоски и Леонид Стојкоски (1).

На пролет ќе атакуваме на првото место во Супер Лигата, сите сили ќе ги насочиме кон лигата, со оглед дека ги завршивме настапите во Купот откако бевме елиминирани од тимот на Брера во 1/8 финалето.