Во претпоследното коло од Супер лигата вардарки во дуел со две различни полувремиња ја совладаа екипата на Деспина. На средбата во “Круме Кепески” против тимот од Прилеп одигравме лош прв дел и одличен втор период. Победата дојде со резултат 33-28 (16-16).
Почетокот беше релативно израмнет па така по 7.минути игра имавме само гол предност при резултат 4-3. Следеше наша серија со која се одлепивме на плус четири. Со две одбрани на Илиќ и погодоците на Радевска, Коцева Бојана и капитенот Трпевска поведовме со 7-3 во 11.минута. Немавме најдобра реализација па почна “топењето” на нашата предност од минута во минута. Во 23.минута гостите од Прилеп направија целосен пресврт и поведоа со 11-12. Царчев повика тајм-аут и направи неколку измени. Марија Галачева која доби шанса на голот сопре две-три топки па ни овозможи ние да поведеме со 16-15 во последната минута. Противникот погоди во финишот па на одмор се замина со резултатска симетрија, 16-16.
Вториот дел по 5.минути не донесе ништо ново беше реми 18-18. Ги затворивме приодите кон голот на Галачева која денес ја имаше најдобрата партија оваа полусезона и придонесуваше со своите одбрани да се одлепиме на плус пет при резултат 23-18. По голот на Попова од позицијата пикер во 41.минута кога дојдовме до тие пет позитива веќе се беше во наши раце. Умешно го завршивме дуелот и дојдовме до победа со резултат 33-28.
Вардар: Илиќ (4.одб), Стојчевска, Кимовска Ивона, Трпевска 8 , Бојана Коцева 3, Радевска 4, Борјана Коцева 7, Ѓорѓиевска (1.одб), Тодоровска 4, , Галачева (6.одбрани), Стефаноска 3, Велјаноска, Попова 1, Франгоска 1, Ива Кимовска, Миленковска 2