Пионерите на ФК Вардар одиграа солидна полусезона во Супер лигата, позиционирајќи се на 5.место после финиш на есенскиот дел.
Екипата предводена од Димо Мушу на 11 одиграни натпревари освои 19 бодови, остварувајќи 5 победи, 4 нерешени резултати и 2 порази. Можеме да се пофалиме дека ја имаме една од најдобрите одбрани во лигата со 11 примени погодоци, додека постигнавме 18 голови.
Иван Блажевски е најдобар стрелец во есенскиот дел за пионерите со 5 постигнати голови. Во листата на стрелци се запишуваа уште и Михаил Јорданоски (3), Стефан Атанасовски, Фуад Керими, Марко Џолев (2), Миле Дрогрешки Филип Дамевски, Бобан Бакрачески и Филип Стефанов (1).
Во купот ги завршивме настапите за сезонава, откако во 1/8 финалето на домашен терен бевме поразени од екипата на Брера Струмица.