Вардаровите девојки како и машкиот тим за противник во викенд колото ја имаат екипата од Македонска Каменица, црвено-црните дами во рамки на 14.коло од женската сениорска лига се домаќини на Баскет Кам.
Тимот на, ЖКК Вардар во дуел од групата-А ќе го пречека лидерот на табелата и актуелниот шампион на Република Македонија. Ние ќе ги пречекаме ривалките на домашен терен во малата сала при спортскиот центар „Кале“. Дуелот е закажан за задутре, недела (18.март) со почеток во 17-00 часот. Кошаркарската федерација за судии на оваа средба ги делегираше следните арбитри: Богески М. и Н.Јовановски