Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар домаќин на „фенерџијата“ Пробаскет
ЖКК Вардар домаќин на „фенерџијата“ Пробаскет

ЖКК Вардар домаќин на „фенерџијата“ Пробаскет

Следната рунда која престои во женската кошаркарска лига е 12-тата, во ова коло црвено-црните дами ќе бидат домаќини.

Вардарки ќе ја пречекаат екипата на Пробаскет во малата сала при Спортскиот центар “Кале“, дуелот е закажан за задутре, петок (3.март) со почеток во 18-00 часот. На табелата вардарки се на позицијата број два со 19.бода, пред нас е Баскеткам со 20.бодови, ривалот со кој ќе го играме следното коло „фенерџија“ во лигата без ниту една победа во 11.кола кои се одиграни.