Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Македонскиот КУП ќе се одржи на 8-ми април во Мусандра
Куглање: Македонскиот КУП  ќе се одржи на 8-ми април во Мусандра

Куглање: Македонскиот КУП ќе се одржи на 8-ми април во Мусандра

Извршниот одбор на КФСМ на својата Седница одржана на 25.02.2023 година го дефинира форматот и датумот на одржување на македонскиот КУП во куглање.

Имено, КУП натпреварувањето ќе биде одржано на кугланата Мусандра во Скопје на 08.04.2023 (сабота) со почеток во 10 часот. Ќе се игра еден натпревар 6х120, каде што екипата која ќе има соборено највеќе кегли ќе биде победник. Во случај на ист број на кегли, одлучува подобро чистење, а потоа помал број на промашени удари.

Котизација за КУП натпреварувањето е 3000 денари.

Имаат право да се пријават сите кугларски екипи (машки и женски) најдоцна до 20.03.2023 година на kfmacedonia2010@gmail.com