Претстојниов викенд стартува пролетниот дел во младинската Супер Лига. Во рамките на 12.коло, Вардар за противник ја има екипата на Кул.
Во сабота (04.03) со кадетите и младинците ќе гостуваме на стадионот „Цементарница“. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Пионерските екипи на Вардар во недела (05.03) се домаќини на Кул, натпревари кои ќе се одиграат на игралиштето „Јован Мандаровски“ во Пржино со почеток од 10:00 и 12:00 часот.