Во сабота (04.03) во рамките на 4.коло во Плеј-офот на Супер Лигата, РК Вардар ќе гостува кај екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварот во сабота ќе стартува од 16:00 во спортската сала „Боро Чурлевски“. Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Марјан Начевски од Скопје.
Вардар е на првото место на табелата со 12.освоени бодови, додека Еурофарм Пелистер 2 се наоѓа на 5.место со 4 бодови.