Sunday ,27 September 2020
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар се врати на врвот од табелата
ЖКК Вардар се врати на врвот од табелата

ЖКК Вардар се врати на врвот од табелата

Ова коло во женската прволигашка конкуренција донесе еден дерби дуел. Оној „Под Кале“, каде актуелниот бранител на тоитулата, екипата на Вардар го дочека тимот на Струга 2009. И без проблеми го совлада, славеа девојките во „црвено-црна“ комбинација со високи (77:51), и повторно се вратија на првото место на табелата.

Поразот на стружанки го истористија кошаркарките на Бадел 1862 кои без проблем го прегазија составот на Шкупи (98:22), па сега се на чекор зад Вардар, но и на исто толкаво растојание пред Струга 2009.

Во ова коло, убедлива беше екипата на Баскет КАМ, во дуелот против Пантери (78:24), но и Гостивар 2009 против Патриот 2016 (84:40).

Додека многу понеизвесни беа дуелите во Крива Паланка која беше подобра од Трокал (77:68), и во Аеродром, каде МЗТ Скопје ја совлада Пробаскет Академија со (65:57).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Бадел 1862 – Шкупи       98:22

Крива Паланка – Трокал            77:68

Вардар – Струга 2005     77:51

МЗТ Скопје А – Пробаскет Академија          65:57

Гостивар 2009 – Патриот 2016 84:40

Баскет КАМ – Пантери    78:24

ТАБЕЛА: Вардар 22, Бадел 1862 21, Струга 2009 20, Баскет КАМ 19, Крива Паланка 17, МЗТ Скопје Аеродром 17, Пробаскет Академија 16, Гостивар 2009 16, Трокал 13, Пантери 13, Шкупи 12 Патриот 2016 12;

ИДНО КОЛО (08.02)

МЗТ Скопје А – Баскет КАМ

Шкупи – Патриот 2016

Вардар – Трокал

Гостивар 2009 – Пробаскет Академија

Струга 2009 – Пантери

Крива Паланка – Бадел 1862