Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Јиха: Никогаш не смеете да го потцените Европскиот Шампион
Јиха: Никогаш не смеете да го потцените Европскиот Шампион

Јиха: Никогаш не смеете да го потцените Европскиот Шампион

Европскиот ракометен шампион утре се враќа на настапите во најголемото натпреварување. Вардар веќе се наоѓа во Германија, каде утре ќе гостува на екипата на Кил. Секогаш е тешко да се игра после настапите од Европското првенство, на кое и двете екипи имаа свои ракометари. Црвено-црните ќе се обидат да му вратат на противникот за убедливиот пораз во Скопје, а Алушовски да стигне до деби победа на официјални натпревари. Во пресрет на овој дуел, тренерот на „зебрите“ Филип Јиха истакна дека неговата екипа ја очекува тежок натпревар против Европскиот бранител на трофејот.

-Ни гостува екипата на Вардар, која е актуелен освојувач на Лигата на Шампионите. Без разлика во каква ситуација се наоѓа, никогаш не можете да го потцените Вардар кој е искусен тим и кој сигурно ќе сака да ни се одмазди за поразот на домашен терен. Нашата цел е да победиме на овој тежок натпревар, изјави Јиха за германските медиуми.