Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за 11. коло во Лигата на шампионите, односно прво во пролетниот дел од сезоната во најелитното европско натпреварување.
На дуелот Кил – Вардар утре во „Ланксес Арена“, ЕХФ ги делегираше летонските арбитри Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис, додека делегат ќе биде Петер Олсон од Шведска.
За потсетување, Летонците судеа и на епското полуфинале од ланскиот Ф4, кога Вардар ја победи Барселона.
Дуелот утре, започнува со почеток од 19.00 часот.