Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петар Гугуљанов: Само освојување на двојната круна ќе биде успех за оваа генерација на Вардар
Петар Гугуљанов: Само освојување на двојната круна ќе биде успех за оваа генерација на Вардар

Петар Гугуљанов: Само освојување на двојната круна ќе биде успех за оваа генерација на Вардар

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар во некомоплетен состав се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната. Речиси половина играчи од стартниот состав на оваа генерација изминатиов период со првиот тим се наоѓаа на подготовки во Анталија, па се очекува во наредниве денови да се приклучат на кадетскиот состав. Инаку, вардаровите кадети во пролетниот дел ги очекува голема борба за двојната круна, со оглед дека се пласирани во полуфиналето од Купот на Македонија и се наоѓаат на второто место во лигата, со ист број на бодови како и екипата на Шкендија. Еден од најстандардните играчи во оваа генерација е Петар Гугуљанов „мозокот“ на тимот, играчот кој настапува на средината од теренот, од кој започнуваат најголем број од акциите на екипата. Во продолжение ви носиме интервју со играчот кој беше и дел од подготовките на првиот тим пред заминувањето во Анталија. За нашиот медиум, Гугуљанов даде своја оцена и преглед за одиграната полусезона во кадетската супер лига.

-Есенскиот дел беше променлив со неколку наши киксови, затоа и не успеавме да се одвоиме на прата позиција, но сепак на крај со доста работа успеавме да стигнеме на првите две места. Неколкуте порази на стартот од сезоната не ја нарушија нашата самодоверба, со напорна работа верувавме дека можеме да фатиме приклучок кон горниот дел од табелата. Како одминуваше есенскиот дел станувавме се подобри, заигравме онака како што и доликува на оваа генерација, па започнаа со тоа и победите. На последните девет натпревари немавме ниту еден пораз и само два нерешени резултати и тоа на тешките гостувања кај А.Пандев и кај Пелистер, каде имавме водство се до последните минути од дуелот, но битолчани имаа среќа и освоија бод на тој натпревар. Им вративме и на Шкендија и Работнички за првите порази, па благодарение на победите во тие дуели успеавме на крајот од есенскиот дел да завршиме на второто место, со еднаков број на бодови, како и екипата од Тетово.

1102-660x330-660x330

Гугуљанов доби шанса да биде дел од стартните подготовки на првиот тим на Вардар, кој тренираше на комплексот во населбата Хиподром, пред заминувањето за Анталија. Ова е сигурно големо искуство за играчот на кадетите, кој истакна дека повикот од Васоски е само мотив за уште понапорна работа.

-Чуството да се тренира и биде дел од најдобриот клуб во нашата земја е прекрасно. Искрено очекував повик од тренерот Васоски, ми беше голема мотивација за да продолжам понатаму уште подобро. Сигурно дека тоа е едно големо искуство за мене, кое се надевам дека ќе ми помогне во продолжение од играчката кариера. Самото тоа што тренираш со такви големи играчи е привилегија, но и поттик да работиш напорно за да ја оправдаш довербата.

2119

На стартот од сезоната, Деспотовски беше тренерот кој започна како стратег на оваа генерација, но поради неговото заминување во Емирејтс, довербата да ја води екипата ја доби Филип Ивановски. Гугуљанов истакна дека неговиот тим научил многу и од двајцата, а се надева дека со Ивановски ќе успеат да ја освојат двојната круна.

-Филип Деспотовски и Филип Ивановски се тренери кои секое дете од академијата на Вардар би посакал да работи со нив. Со тренерот Деспотовски за жал работевме малку, но за толку малку време не научи исто така да сме биле заедно повеќе години. Благодарни сме од целиот тим и ако дојдеме до посакуваната цел, односно до двата трофеи голема “кривица” ке има и тој за тоа. Сегам сме со тренерот Ивановски, навистина иако му е прва година како тренер ние од ден на ден се повеќе и повеќе учиме од него и верувам дека заедно со него ке ги подигнеме и двата трофеи.

Кадетите ќе имаат можност да се борат и за трофејот во Купот, една од неостварените желби на овој тим.

-Да се пласиравме и во полуфиналето од купот и ке направиме се за да дојдеме до трофејот во ова натпреварување, бидејки се уште тоа ни е неостварена желба.

received_466657147286011-660x330

На пролет не очекува тешка борба за титулата во лигата, со оглед дека четири екипи имаа рамноправни шанси на крајот да се радуваат на титулата. Гугуњанов верува дека Вардар може на крајот да стигне до врвот и во двете натпреварувања.

-Секако дека дуелите со главните конкуренти ке бидат одлучувачки, но сметам дека ние ке бидеме оние кои на крајот ке се радуваат. За нас успех би било да завршиме први на крајот од сезоната како и да до освоиме купот, се друго за нас е неуспех.

Звонко Ивановски