Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2005 одигра нерешено против Септември Софија на турнирот во Бугарија
ФК Вардар генер. 2005 одигра нерешено против Септември Софија на турнирот во Бугарија

ФК Вардар генер. 2005 одигра нерешено против Септември Софија на турнирот во Бугарија

Вардаровата генерација 2005 го одигра и вториот натпревар на турнирот „Пирин Куп 2020„. После утринската победа против екипата на Мечетата, нашите млади надежи на вториот меч ремизираа со екипата на Септември од Софија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:1.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме од натпреварот. Најпрво противникот успеа да го отвори резултатот, за вардарци уште во следната минута да го вратат ударот и да израмнат на 1:1. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше Кристијан Антевски.

Вардар: Краљевски, Јакимовски, Ристовски, Кулуковски (c), Таневски, Серафимов, Дошев, Цветков, Јовановски, Антевски, Стефановски. 

Утре ќе ги одиграме останатите два натпревари во групната фаза, против екипите на Спартак Пловдив и Царско Село.