Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар водеше на полувреме, но на крајот загуби со 3:1
Вардар водеше на полувреме, но на крајот загуби со 3:1

Вардар водеше на полувреме, но на крајот загуби со 3:1

Вардар одигра супер прво полувреме против Мура, водеше со 1:0, па во вториот дел дозволи да прими три погодоци и на крајот да го загуби и овој натпревар, овој пат со резултат 3:1 (0:1). Голот за нашиот тим го постигна Брдаровски со супер удар од преку 20.метри.

Вардар сосема заслужено имаше предност по првиот дел од 1:0, откако целосно издоминира, створи неколку супер шанси за погодоци, а и голот на Брдаровски беше вистинско фудбалско ремек дело со удар од преку 20. метри во десниот агол од голот на голманот на Мура. Вардарци уште во 7.минута имаше супер шанса да дојде до предност. Мицевски упати силен и прецизен удар од 10-сетина метри, но голманот на противникот феноменално одбрани и спречи сигурен погодок на нашиот тим. Потоа, во 14. минута, Брдаровски со супер асистенција до Попзлатанов, кој биеше само над голот од добра позиција. Во 23. минута се закани и денеска одличниот Брдаровски со удар од далечина, но за малку над голот на Мура. Голот дојде во 38. минута. Владица Брдаровски со бомба удар од преку 20. метри биеше неодбранливо во десниот горен агол од голманот за супер погодок и водство. Со овој резултат се замина на пауза.

Вториот дел за разлика од првиот, Мура го одигра подобро со неколку шанси и голови.. Вардарци топката на почетокот на вториот дел ја препуштија на противникот, а шанса чекаа од грешки и контри. Првата шанса во вториот дел ја имаше Попзлатанов, кој за малку не стигна до неа по едно додавање. Се играше 74. минута, супер додавање во празно на еден противнички играч, заспа одбраната на Вардар, топката дојде до напаѓачот на противникот, кој од само неколку метри не му беше тешко да го совлада Гачевски за 1:1. Три минути подоцна, Мура направи целосен пресврт и поведе со 2:1. До крајот на мечот Мура постигна уште еден гол за конечни денеска 3:1.