Младите девојки од сениоpскиот тим на ЖОК Вардар ЕМ, вчера го заврши своето прво натпреварување за КУП пехарот на ОФМ. Од како во 1/8-финалето изненадија и исфрлија прволигаш, во 1/4финалето го имаа за ривал лидерот на првата лига, тимот на Работнички.
Самиот пласман меѓу 8-те најдобри екипи на ова натпреварување е успех и мотив плус за овие млади девојки. Вчера загубивме, но не разочаравме, напротив покажавме голем потенцијал за напредок на нашиот тим кој всушност е составен од младинки и кадетки. Во првите два сета во самиот финиш дојде до израз нашето неискуство од вакви натпревари, како и квалитетот и искуството на противникот. Тие не совладаа со резултат 0-3. Во првите два сета одлично се боревме и бевме поразени со неколку поени разлика (25-21, 25-23), девојките покажаа желба за надигрување. Во последниот лидерот на првата лига не сволада со 25-16.