Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар гостува кај Крива Паланка
ЖКК Вардар гостува кај Крива Паланка

ЖКК Вардар гостува кај Крива Паланка

Викендов кај девојките во кошарарската сениорска група-А на програмата е 4.коло од „оролоџо“ сегментот. Во истото извбраничките на Александар Ашаданов се гостинки.

ЖКК Вардар во оваа рунда гостува во Крива Паланка кај истоимениот женски кошаркарски клуб. Дуелот е закажан за недела (19.март) со почеток во 15-00 часот. На натпреварот кој ќе се игра во салата “Бранители 2001“ К.Паланка, кошаркарската правда ќе ја делат судиите: Д.Петровски  и К.Кестев.
Црвено-црните дами се фавориот на оваа средба, досега на сите соочувања во сениорската лига со кривопаланчанки сме доаѓале до победа.