Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ЖОК Вардар ЕМ реди победи во сениорската лига, падна и Јанта Волеј Форца

ЖОК Вардар ЕМ реди победи во сениорската лига, падна и Јанта Волеј Форца

251366513_608448563908271_2613532517772906511_n
Сениорскиот тим на ЖОК Вардар ЕМ, вчера го одигра втор натпревар во Втора државна лига. Црвено-црните дами на истиот дојдоа до втората победа сезонава.
.
На дуелот  со тимот на ОК Јанта Волеј Форца,  иако влеговме премногу опуштено во првиот сет на овој натпревар, сепак во останатите три покажавме дека квалитетот и искуството се на наша страна и заслужено се радувавме на нови три бода.
.
Ривалот победи во првиот сет и поведе со 0-1 (22-25), веќе во вториот покажавме надмоќ и со убедливи 25-07 изедначивме на 1-1. Во следните два сета не дозволивме изненадување, најпрвин направивме целосен пресврт и поведовме со 2-1 со победа во 3.сет од 25-15.
Победата со 3-1 ја остваривме во последниот сет на оваа средба кој го добивме со 25-17.