Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ЖОК Вардар ЕМ денес со деби во сениорска конкуренција
ЖОК Вардар ЕМ денес со деби во сениорска конкуренција

ЖОК Вардар ЕМ денес со деби во сениорска конкуренција

ЖОК Вардар ЕМ денес ќе го одигра својот прв натпревар во сениорска конкуренција, црвено-црните дами ќе имаат деби. Поради големиот број на новопријавени екипи оваа сезона во Државната одбојкарска лига, има одлука да се формира втора лига.

Втората лига ќе има девет тима, дел од истата е и Вардар ЕМ бидејќи за прв пат дебитира во сениорска конкуренција. Денес, петок (22/10/2021) гостуваме кај тимот на ОК Младост УГД во Штип, натпреварот се игра со почеток во 18-00 часот во салата „ Јордан Мијалков“.

Оваа сезона покрај во сениорската лига ќе се натпреваруваме во сите младински конкуренции во земјава: пионерска, кадетска и младинска лига.