Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар домаќин на Приштина, останува да се потврди минувањето во 3.коло од Европскиот Куп
ЖРК Вардар домаќин на Приштина, останува да се потврди минувањето во  3.коло од Европскиот Куп

ЖРК Вардар домаќин на Приштина, останува да се потврди минувањето во 3.коло од Европскиот Куп

ЖРК Вардар, утре, сабота (23.октомври) ќе го игра реванш дуелот од 2.коло во „Европскиот Куп“, црвено-црните дами се домаќини на РК Приштина од соседно Косово на овој возвратен натпревар. 

На првата средба во главниот град на Косово, црвено-црните дами на Ристова, Платон и Папуџиева успеаа да бидат подобри и да донесат голема гостинска победа. Победивме во еден ефикасен дуел со резултат 35-39, со што најавивме пласман во идното, третто коло. Утрешниот дуел се игра во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 17-00 часот.