Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ЖОК Вардар и Јанта Волеј денес го играат првиот дуел од финалната серија
ЖОК Вардар и Јанта Волеј денес го играат првиот дуел од финалната серија

ЖОК Вардар и Јанта Волеј денес го играат првиот дуел од финалната серија

Денес, одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода и ЖОК Вардар,   ја започнуваат финалната серија за шампионската титула во одбојкарското првенство на Македонија. Двете екипи го минаа полуфиналното соочување и обезбедија дуели за титула.
.
Серијата до три победи стартува на теренот на Јанта Волеј, екипа која веќе обезбеди еден трофеј и тоа во Купот на Македонија во кој во финалето беше подобра токму од одбојкарките на Вардар. Натпреварот кој ќе се игра во салата при ОУ “Невена Г. Дуња“ – Скопје е закажан со почеток во 18-00 часот.
Инаку вардарки финалната серија ќе ја започнат со предност од 1:0 во победи, поради подобриот меѓусебен скор во регуларниот дел од првенството.