Одбојкарскиот тим на Вардар ја заврши сезоната во полуфиналето од лигата. Тие имаа подобар ефект против Универзитет во Тетово, го добија првиот меч од елитната Втора фаза-1, но тоа беше во есенскиот дел, а потоа не ја издржа трката, па со четири порази на пет соочувања влеговме во серијата со Универзитет во Тетово.
Тимот се реновираше зимото заминаа искусните, немавме големи амиции за двомечот со тетовчани. Фактот што црвено-црните решија двата меча од полуфиналната пресметка да ги играат во еден ден на теренот на ривалот, доволно зборува за епилогот од овој двомеч. Тетовчани со две максимални победи 3-0 и 0-3 обезбедија место во финалното соочување со ОК Џио Струмица, дуел што е реприза и на Куп финалето оваа сезона.