Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фаворитите одат по планот, изненадувањето се случи во Битола
Фаворитите одат по планот, изненадувањето се случи во Битола

Фаворитите одат по планот, изненадувањето се случи во Битола

Изминатиов викенд се одигра и 5.коло во плеј-офот од ракометната машка Супер лига.

До победи дојдоа фаворитите, Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар немаше никакви проблеми околу освојување на бодовите во дуелот со Струга, додека Еурофарм Пелистер лесно излезе на крај со екипата на Металург, на натпревар кој се одигра во салата во Автокоманда.

Изненадување направи вториот тим на Еурофарм Пелистер кој успеа да му откине бодови на фаворитот ГРК Охрид, додека Пролет минимално го победи Бутел.

Комплетни резултати од 5 одиграно коло во плеј-офот:

Металург – Еурофарм Пелистер  22:32

Вардар 1961 – Струга  36:22

Пролет – Бутел  22:21

Еурофарм Пелистер 2 – ГРК Охрид  26:26

На табелата, Вардар е лидер со 15 освоени бодови, додека втор е тимот на Еурофарм Пелистер со 12 бодови, а третото место е за екипата на Пролет која има 9 бодови.