Пред два дена заврши преодниот рок во македонското борење. Борачкиот клуб Вардар направи неколку рокади и измени во својот состав. Со согласност на стручниот штаб Александар Павлев и Иван Виќиќ им беше дозволено да се вратат и да го засилат БК Спартак клубот од Кочани.
Сепак ѕвездата на преодниот рок е Бобан Данов. Тој е македонски репрезентативец до 125 килограми. Вардар поднесе документи за негова регистрација, ова момче е огромно засилување за црвено-црниот колектив. Во нашиот тим премина од екипата на БК Балканец. Неговото доаѓање во Вардар заедно со постојниот кадар: Егоров, Аскербиев, Зубаиров, Хамикоев, Нуров, Никола и Дарко Димчевски го прави Вардар компактна целина, која ќе биде конкурентна за освојување на многу одличја во продолжение од сезоната и во иднина. Бобан Данов дефинитивно е големо засилување за нашиот клуб, Вардар фанс му посакува успеси со Вардар и да не радува со многу пиедестали и успеси овој “тешкаш“.
Клубот изразува голема благодарност до двајцата момци кои заминаа, Александар Павлев и Иван Виќиќ им се заблагодарува што ги носеа и бранеа боите на Вардар. Велат дека тоа се сериозни и лојални спортисти, одлични личности и се надеваат дека со БК Спартак ќе освојуваат вредни трофеии и ќе постигуваат значајни успеси.