Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристовска и Камара: Сакаме да ја продолжиме победничката низа
Ристовска и Камара: Сакаме да ја продолжиме победничката низа

Ристовска и Камара: Сакаме да ја продолжиме победничката низа

Женскиот ракометен клуб во сабота го игра првиот меч оваа година на домашен терен, ни гостува францускаот преставник во ЕХФ Лигата на шампионките тимот на Мец. По тој повод на прес конференцијата која предмалку заврши тренерот на вардарки Дејвис Камара изјави:

Во сабота не очекува тежок меч против Мец, тоа е противник кој во групната фаза го победи Будуќност од Ц.Гора, а на гостински терен кај нив изгуби само со два гола разлика. Во својот состав имаат три играчи кои се дел од репрезенацијата на Франција кои играа на Европско Првенство кое што се играше во Декември. Тие се најопасни поединци во екипата. Тука се и неколку интернационалки од неколку земји што значи се работи за одлична екипа, која игра опасно в гости и создава многу проблеми на противниците. Сепак ние мора да продолжиме со добрата игра, да играме сконцетрирано и секако да ја да ја продолжиме победничката низа. Неизвесна за овој меч е Сислина, ќе се следи нејзината ситуација во следните два дена по што дополнително ќе одлучиме дали ќе настапи.

Од играчкиот кадар свое видување даде младата ракометарка на црвено-црните и македонска репрезентативка Сара Ристовска, таа го изјави следново:

Првин сакам да се заблагодарам на сите кои што веруваа дека ќе победиме во Подгорица, се надевма ја оправдавме нивната доверба и ги напраивме среќни. Овој викенд ни престои меч со Мец кој како и нас е желен за победа, сепак незнам дали се свесни  каде доаѓаат во која сала и пред која публика ќе настапуваат!? Ние се подготвуваме за нив, тие не се за потценување , имаат брзи контри со кои ги казнуват грешките на противникот. Тие се тим кој е цврст и во одбраната. Се чуствувааме подготвено и верувам дека со  моите соиграчи  ќе одиграме добро и ќе забележиме победа на првиот меч на домашен терен годинава. 

Гордана Нацева претседател на клубот на прес конференцијата пред новинарите го изјави следното:

Со Будуќност, победивме традиционално тежок противник за нас, противник кој нема изгубено на домашен терен од 2013 година. Сметам дека тоа е дополнителен мотив и самодоверба и за нас во клубот и за играчите, но, како што велат секој следен натпревар е најтешкиот. Ни доаѓа Мец и очекувам дека ќе имаме полна сала, го респектираме противникот. Ние се бориме за прво место во групата, тие сигурно ја бараат својата шанса собирајќи бодови за да бидат четврти и да го продолжат патот кон четврт-финалето. Очекувам поддршка од публиката, како и добра претстава од нашиот тим и и да продолжи со добрите игри. За првпат не следиме што се случува со останатите тимови и резултати, ние сме фокусирани на нашата игра и на нашите остварувања. Задоволството во клубот е големо и очекуваме дека до самиот крај ќе продолжиме со победи, зашто ова ни беше 6. победа во низа.