Утре двојно кошаркарско дерби помеѓу црвено-црните колективи на Вардар и битолски Пелистер. Во Скопје во првенствени мечеви гостуваат женскиот и машкиот зелено-бел тим од Битола. Во рамки на 11.коло од женската Прва лига екипата на ЖКК Вардар утре, 18-ти март, сабота ќе ја нагости во “Кале“ женската екипата на Пелистер А.Д.
Натпреварот помеѓу девојките на Андриевски Бране и ПелисТер е закажан со почеток во 15 часот и 30 минути во малата сала при С.р.ц “Кале“ каде што вардарки ги играат домашните мечеви. Вардарки ќе атакуваат на десеттата последователна победа во првата македонска женска кошаркарска лига, или дванаесетТата вкупно ако ги вкалкулираме и двата триумфа од завршниот турнир во Купот на Македонија. Во минато коло бевме исто така домаќини, во меч со тимот од скопски Чаир екипата на ЖКК Шкупи нашиот тим со убедлив резултат 63:34 лесно триумфираше. Утре сме фаворити со зелено-белите девојки кои се зад нас на табелата на треттото место, но со три победи помалку од нас. Во првиот меч во Битола победивме со резултат 52-57 во наша корист.