Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор ја пречекува екипата на Еурофарм Работник од Битола
Вардар Јуниор ја пречекува  екипата на Еурофарм Работник од Битола

Вардар Јуниор ја пречекува екипата на Еурофарм Работник од Битола

Викендов на програмата е треттото пролетно коло во најсилната машка ракометна конкуренција, Супер лигата. Свој натпревар ќе одигра и вториот сениорски црвено-црн тим екипата на РК Вардар Јуниор. Тимот предводен од Стојан Петрушевски ќе ја пречека екипата на РК Еурофарм Работник од Битола.

Нашите момци битолскиот дебитант во Супер лигата ќе го пречекаат понеделник, 20-ти март. Натпреварот ќе се одигра во спортско рекреативнот центар “Кале“ со почеток  17 часот и 30 минути. За вардарци ова е втор меч по ред дома, тие во изминатото коло на домашен терен се сретнаа со вториот тим на Металург. Нашите момци одиграа одличен меч со  Металург 2 и  како победник излегоа од тој дуел, тие  славеа со резултат 33:25 (18:15).  На првиот меч во Битола одигравме со следниот наш противник одлично во првиот дел, на одмор заминавме со реми 12:12, сепак во вториот дел домаќинот дојде до победа, на крајот  резултат гласеше 30:24.