Saturday ,18 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред на натпревари за младинските ракометни екипи на Вардар, градско младинско дерби помеѓу Вардар и Работнички
Распоред на натпревари за младинските ракометни екипи на Вардар, градско младинско дерби помеѓу Вардар и Работнички

Распоред на натпревари за младинските ракометни екипи на Вардар, градско младинско дерби помеѓу Вардар и Работнички

Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите во првенството на младинските ракометни категории. Активни ќе бидат неколку екипи на ракометниот клуб Вардар.

Пионерите на Андријана Будимир одлично го започнаа пролетниот дел каде веќе забележаа три последователни победи. Тие во четвртото коло на домашен терен на Кале ќе ја пречекаат екипата на Бутел 2014. Натпреварот се игра во сабота со почеток од 13:30 часот.

Важен натпревар во ова коло имааат младинците на РК Вардар кои гостуваат на Работнички. Ова е борба за второто место на табелата, со евентуална победа на нашите младинци можеме до крајот на регуларниот дел да се надеваме на таа втора позиција која носи на завршниот турнир. Градското дерби ќе се игра утре од 10:30 во спортската сала “Форца“.

Избраниците на Пепи Мансков, екипата на Вардар Јуниор исто така во ова коло ќе имаат гостување на екипата на Македонија Ѓ.П. Двете наши младински екипи се во серија од две последователни победи. Мечот против Македонија Ѓ.П  се игра во сабота од 18:30 часот.

Настапи овој викенд ќе имаат и кадетките. Избраничките на Ристова и Пецевска, РК Вардар гостуваат на екипата на Велкова 5 во групата 1, додека кадетките на Вардар СЦЈС под водство на Платон и Кузмановска ќе играат против Лихнид на теренот на противникот. Мечот од групата 2 во Охрид за Вардар СЦЈС е закажан во сабота од 13:00 часот, додека кадетките на Вардар играат во недела до 14 часот во спортската сала во населбата Ѓорче.