Здравствениот билтен во редовите на ФК Вардар се подобрува. Тренерот Седлоски за утрешниот натпревар во Ѓорче ќе може да смета на сите играчи освен на повредениот капитен Бобан Грнчаров, кој ќе одмара уште извесен период.
Добрата вест за “црвено – црните” е враќањето во строј на тројца важни играчи. Повредите веќе се минато за Попов, Спировски и Балотели. Попов и Спировски беа на клупата и на мечот против Брегалница, но не добија шанса, додека пак Балотели го запиша првиот свој пролеттен натпревар минатата недела.