Во недела својот прв натпревар во пролетниот дел од регионалната скопска лига ќе го одигра Вардаровата генерација родени “2003“ година. На теренот на академијата со почеток од 09:00 часот ќе гостува екипата на Македонија Ѓ.П. Во есенскиот дел, црвено-црните беа убедливи на гостувањето во Ѓорче забележувајќи убедлива победа со резултат 0:8. Првиот дел од сезоната избраниците на Томче Трајановски го завршија на првото место со максимален број на освоени бодови. Подготвителниот период го искористивме за одигрување контролни натпревари, додека главниот дел од подготовките беше во Охрид.
Активна ќе биде и Вардаровата генерација “2002“, која во сабота ќе одигра ревијален меч без бодови, против академијата на ФФМ родени “2003“ година. Овој дуел ќе се игра на академијата, со почеток од 11 часот.