Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар атакува на третта победа сезонава против Македонија ЃП
Вардар атакува на третта победа сезонава против Македонија ЃП

Вардар атакува на третта победа сезонава против Македонија ЃП

Утре на програмата е 23 коло во ПМФЛ. Во него лидерот на табелата тимот на Вардар, ќе и гостува на екипата на Македонија ЃП. Вардар е лидер на првенствената табела со досега освоени 50 бодови, утрешниот наш противник се наоѓа на предпоследното место на табелата со само 16 освоени бодови на 22 одиграни натпревари досега.

Овие два тима оваа сезона на два наврати ги одмерија силите, и на двата меча Вардар славеше убедливи победи. Најпрвин како гостин нашиот тим победи со убедливи 0:4, на вториот меч на домашен терен исто така вардарци дадоа четири погодоци, тој натпревар заврши со резултат 4:1.

Очекуваме серијата на победи на Вардар да продолжи и на овој натпревар. Доколку нашиот тим победи на овој меч, тоа ќе биде втора победа во низа по тешко издвојуваната победа минатата недела против Брегалница на домашен терен.