Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алекс Душебаев како најдобар десен бек се најде во идеалниот тим на најсилната група Б во ЛШ
Алекс Душебаев  како најдобар десен бек се најде во идеалниот тим на најсилната група Б во ЛШ

Алекс Душебаев како најдобар десен бек се најде во идеалниот тим на најсилната група Б во ЛШ

Нашиот ракометен шампион заврши како прв во најсилната група Б и обезбеди директен пласман во четврфиналето од лигата на шампионите. По завршување на групната фаза, експертите на ЕХФ го избраа најдобриот тим во групата Б, а во него имаше место за Алекс Душебаев како најдобар десен бек. Шпанскиот репрезентативец воедно е и прв стрелец на црвено-црните во најголемото ракометно натпреварување.

Вака изгледа идеалниот тим во групата Б:

лево крило – Џери Толбринг (Кристијанштад)
Лев бек- Карел Биелецки (Киелце)
Среден бек -Енди Шмит (Рајн Некар Левен)
Десен бек -Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило -Блаж Јанц (Целје)
Пикер -Хулен Агинагалде (Киелце)
Голман -Филип Ивиќ (Киелце)

Видеото со најдобрите седум играчи погледнете го ТУКА