Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ОФИЦИЈАЛНО: Дисингер во Вардар две години!
ОФИЦИЈАЛНО: Дисингер во Вардар две години!

ОФИЦИЈАЛНО: Дисингер во Вардар две години!

Официјално, репрезентативецот на Германија Кристијан Дисингер (26), ќе го облече дресот на Вардар и во следните две години ќе игра во Скопје.

Германецот треба да биде огромно засилување на левата бековска позиција во нападот, каде треба да му биде од голема помош на одличниот Борозан. Исто така Вардар добива и одличен играч, кој знае да одигра во одбрана, и со неговите 203 см да им прави големи проблеми на противничките играчи.

Дисингер ќе има право да игра во Лигата на шампионите по натпреварот со Кјелце, значи ќе имаме можност да го гледаме на дуелите со Мешков и Барса во Скопје, во ноември.

Добредојде за Дисингер!