Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дербито РК Металург-Вардар ќе се игра во последното коло од плеј-офот
Дербито РК Металург-Вардар ќе се игра во последното коло од плеј-офот

Дербито РК Металург-Вардар ќе се игра во последното коло од плеј-офот

Стандардно по  завршувањето на регуларниот во машката ракометна  Суперлигата, по кој четири тима  (Пелистер, Е.Работник, Пролет и Охрид)   обезбедија пласманот во плеј-офот, денес во просториите на Ракометната Федерација на земјава  беа извлечени редните броеви на екипите за формирањето на паровите од последната етапа во која се придодават и учесниците во СЕХА лигата, нашиот РК Вардар и тимот на Металург.

Ждрепката посака  Металург и Вардар да играат во 5. коло и во 10. коло од плеј-офот, односно дербито да се игра на крајот, според овој распоред  титулата ќе се додели во последното коло кога ќе гостуваме во Автокоманда на 2/3 јуни. Плеј-офот стартува претстојниот викенд на 24 и 25 март, а разигрувањето ќе трае се до 2 и 3 јуни.

pley-off