Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со вчерашната 13.титула има повеќе пехари од Металург и Пелистер заедно
Вардар со вчерашната 13.титула има повеќе  пехари од Металург и Пелистер заедно

Вардар со вчерашната 13.титула има повеќе пехари од Металург и Пелистер заедно

Црвено-црниот ракометен машки тим одамна го има приматот  на најтрофеен колектив во овој спорт. Вчера, РК Вардар додатно ја зголеми збирката  со трофеи  по победата над битолски Еурофарм Работник,  со што ја одбрани  круната во шампионатот. Ова беше вкупно 13-та титула првак на Македонија.

Покрај фактот што сме единствен тим кој дојде до двоцифрен број титули, сега има уште еден интересен податок.  Со новата “круна„ , црвено-црниот тим  сега има повеќе титули од Металург и Пелистер заедно.  Двата конкуренти  имаат по шест титули,  односно  вкупно дванаесет. Во овие 27 изминати шампионати, само уште две екипи имаат пехар шампион на Македонија. Станува збор за екипите на велешки Борец (1994/95) и  тимот на РК Преспа Јафа Промет од Ресен (1996/97).

- Следната сезона доколку дојдеме до титулата, ќе имаме исто колку и сите други тимови, односно, 14 пехари.