Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир со 11/11 во кадетската лига, вардарци со 21 плус минаа низ Гостивар и го задржаа 100% ефект
Момците на Будимир со 11/11 во кадетската лига, вардарци со 21 плус минаа низ Гостивар и го задржаа 100% ефект

Момците на Будимир со 11/11 во кадетската лига, вардарци со 21 плус минаа низ Гостивар и го задржаа 100% ефект

Кадетите на ракометниот клуб Вардар денес гостуваа кај екипата на ГРК Гостивар во истоимениот град. На меч од кадетската лига ( Група-3) момците на Адријана Будимир повторно дојдоа до победа. Тие играа перфектно и победија со дури 21 гол  предност (31-18)  на ова гостување. Тие го задржаа 100% ефект, ова е 11 победа во 11 коло.

Натпреварот го отворија домаќините со гол за почетни 1-0, веднаш потоа “проработе црвено-црната машина“, во одбрана одигравме одлично во напад казнувавме и со серија 0-4 го преземавме водството од домаќинот, поведувајќи со 1-4. Се играше во продолжение игра гол за гол, двата тима постигнаа по пет гола за резултат 6-9. Тоа беше некаде на средината од првиот период. Потоа на теренот играше само еден тим, оној во црвено-црна комбинација. Покажавме фантастична одбрана во продолжение до крајот на првиот дел само еден гол постигна Гостивар, а ние погодувме девет пати. Па така со двоцифена преднос односно со “плус единаесет“, 7-18 заминавме на одмор.

Вториот дел почна како и првиот, домаќинот погоди овој пат два пати за намалување на резултатот на 9-18. Ние успеавме по 6-7 минути игра два се вратиме повторно на двоцифрна предност кога поведовме со 11-21. Од тогаш па се до крајот повторно демонстриравме класа. Во одбраната бевме перфектни, противвникот многу тешко погодуваше, а во нападот сето тоа го казнувавме. Па така на крајот ја удвоивме предноста и однесовме победа со дури 21 гол предност над гостиварчани. Црвено-црните победија со резултат 39-18 на крајот.

СТАТИСИТИКА!!!

СТАТИСИТИКА!!!