Вардаровиот ракометар, шпанецот Хорхе Македа беше дел од снимањето на годишниот календар на веб-порталот Точка.мк. Тој учестуваше во изборот од 12 момци кои направија фотографии. За овој проект од реализаторот велат:
Секоја година календарите со провокативни фотографии на секси девојки се еден вид пред-новогошен подарок за мажите. Овие дела ги красат нивните работни маси, ѕидови и возила. Како одговор на нив го создадовме календарот со 12 секси македонски фраери, дело кое ќе биде освежување за женските очи, можност за оддишка од нивните секојдевни обврски и инспирација. Погледнувајќи во некое од 12-те лица, поставени на бирото, на пултот, на кујнската маса… 365-те дена ќе им бидат многу послатки и полесни.
Неговите фотографии ќе бидат дел од страницата на месец “ноември“ на овој каталог. Во продолжение видео од снимањето на истиот, нашиот црвено-црн ракометар може да го погледнете од време 5:17 на видеото.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=384&v=3u3m1WtBsfI