Викендов од четири екипи на ракометниот клуб Вардар кои се започнати со првенстените пролетни натпревари само две ќе имаат свои дуели. Пионерите на РК Вардар и младинките на ЖРК Вардар поради непаениот број на екипи во лигата токму овој викенд ќе бидат слободни.
Двете машки младински екипи ќе одигаат натпревари од 10.коло. Па така во сабота на 16/02/2019, екипата на Вардар Јуниор предводена од Стојан Петрушевски и Пепи Манасков ќе гостува кај тимот на РК Еурофарм Работник во Битола. Дуелот во рамки на групата-2 ќе се игра со почеток во 13-00 часот во Сала „Боро Чурлевски“.
Тимот предводен од Будимир Адријана и Ацо Станковски, кадетскиот состав на РК Вардар во дуел од младинската Група-1 ќе биде домаќин во млата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Црвено-црните ќе го пречекаат тимот на РК Радовиш во недела (17/02/2019) со почеток од 17-00 часот.