РК Вардар обзнани на официјалната страница одлична вест за силно засилување на тимот.
Десниот бек на шпанската репрезентација и член на француски Нант, Едуардо Гурбиндо (33) е нов играч на Вардар1961. Двојниот европски првак и повеќекратен македонски шампион договори засилување што ќе му се приклучи на тимот од летово и треба да остане во Скопје во следните три сезони.
Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант, Франција со која настапува во Лигата на шампионите. Шпанскиот бек зад себе има богата спортска кариера и ја има освоено и Лигата на шампионите, со тимот на Барселона во сезоната 2014/2015. Тоа беше последен пат кога Шпанците беа победници во ова натпреварување.
Како играч на Нант настапи и во финалето на Ф4 турнирот во ЛШ во сезоната 2017/2018 кога во француското финале Нант сепак остана со сребрен медал.
„Со ангажирањето на Гурбиндо продолжуваме со засилувања со кои Вардар1961 ќе биде уште поконкурентен во следните сезони. Среќни и задоволни сме што Гурбиндо го препознава квалитетот на Вардар1961 и што сака нов предизвик во кој заедно ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати. Губрино ќе донесе освежување во нападот и цврстина во одбраната. Ги цениме неговите квалитети и сигурни сме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот систем. Засилувањата што досега ги договори Вардар1961 ќе им донесат многу радост на навивачите и верувам дека многу брзо сите заедно ќе можеме да ги поздравиме новите играчи. Очекувам со завршување на пандемијата на Ковид-19 повторно да имаме полна сала, и многу нови компании кои ќе го поддржат Вардар1961 во чекорење кон европскиот врв. Верувам дека како што ние ги одржаваме ветувањата за создавање на нов силен Вардар така и нашите компании ќе го одржат ветувањето да бидат наши партнери кон новите успеси, изјави Михајло Михајловски, претседателот на клубот