Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ веќе во понеделник пристигнуваат во Скопје и ќе се приллучат на тренизните на Рк Вардар. Ова се првите ракометари од ракометниот клуб Вардар, кои ги завршија настапите на Европското ракометно првенство кое се одржува во Полска. Тие со репрезентацијата на Србија беа елиминирани уште во првата групна фаза, откако не успеаа да направат нешто повеќе, освен нерешениот исход за Македонската репрезентација. Токму тој последен дуел со нашата селекција и нерешениот резултат ги елиминираше Србите од понатамошни игри на овој мундијал. Марсениќ и Абутовиќ имаа своја улога и прикажаа солидни игри на ова ЕП, едниот го гледавме повеќе во нападот, додека другиот повеќе имаше одбранбени задачи.
Шпанскиот стратег на клупата на Рк Вардар, Раул Гонзалес ќе го зголеми бројот на играчи со кои ќе може да се подготвува во период додека трае ова првенство. Да напоменеме дека првиот собир црвено-црните го имаа на 11-јануари во Јане Сандански. Само на пет ракометари, Гонзалес можеше да смета до овој момент. Тоа беа голманите Ангелов и Милиќ, потоа Тоскиќ, Брумен и Лацковиќ