Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Илија Абутовиќ: Ова е уште еден показател дека сме во победнички налет пред важните настапи во лигата на шампионите

Илија Абутовиќ: Ова е уште еден показател дека сме во победнички налет пред важните настапи во лигата на шампионите

Четврта победа за екипата на РК Вардар од пет одиграни натпревари во сеха лигата, во новата натпреварувачка сезона. Ниту Целје не беше пречка за избраниците на Раул Гонзалес да одиграат квалитетен натпревар и високо да го поразат поранешниот европски шампион. Конечниот резултат од 29:40 зборува за доминацијата на Вардарци во текот на целиот меч. Повратникот во составот Илија Абутовиќ имаше забележителна улога во овој висок триумф.

Искрено не очекував дека ќе победиме така лесно. Целје е една добра екипа и секогаш е тешко да се игра на овој терен и гостување. Можеби победивме лесно, иако така не мислевме пред почетокот на мечот. Ова е уште еден показател дека сме во победнички  налет пред важните настапи во лигата на шампионите. Задоволни сме од победата денес, а веќе во вторник не очекува натпревар против Татран Прешов во својата арена. Овој триумф треба да го оставиме зад себе и да се сконцетрираме за следниот дуел.

Одбраната 5+1 според Абутовиќ била еден од пресудните фактори за победата на ова гостување.

-Мислам дека добро се подготвивме за ова гостување и одигравме 5+1 одбрана. Знаевме дека најголема опасност доаѓа од Миха Зарабец од кој се се врти во екипата на Целје. Него добро го затворивме, пресековме неколку топки на почетокот. Постигнавме лесни голови, се одлепивме на голема разлика и после тоа се беше полесно, изјави Илија Абутовиќ.