Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Илија Абутовиќ, веќе шестта сезона е столбот и “срцето“ на Вардаровата одбрана
Илија Абутовиќ, веќе шестта сезона е столбот и “срцето“ на Вардаровата одбрана

Илија Абутовиќ, веќе шестта сезона е столбот и “срцето“ на Вардаровата одбрана

Илија Абутовиќ, главниот играч и “срцето“ во одбраната на Вардар, човекот кој остава срце на терен и еден од најзаслужните за успесите кои оваа сезона ги постигнува екипата. На иницијатива на Веселин Вујович, кој во сезоната 2011/12 како тренер на црвено-црните, во клубот како засилување доаѓа тогаш анонимниот Илија Абутовиќ.

vardarfans

Неговиот последен клуб пред пристигнувањето во Скопје, беше Слован од Словенија, додека претодните години ги има поминато во РК Партизан од Белград, каде ги има поминато младинските категории на овој клуб. Таа сезона во екипата предводена од Вујо, пристигнуваат и Владимир Петриќ, Стојанче Стоилов, Тихомир Додер, Добривоје Марковиќ, Владимир Абаџи, Филип Лазаров и Ратко Николиќ. Во својата прва сезона во црвено-црниот дрес, Илија успева веднаш да освои два трофеи.

vardarfans-trrofej

Првиот беше во рамките на СЕХА-лигата и тоа во нејзината прва сезона, кога Вардар во финалето го победи тимот на Металург. Вториот негов трофеј со клубот, беше во рамките на купот, каде во големото финале исто така го совладавме тимот од Автокоманда и го освоивме осмиот трофеј во ова натпреварување, а воедно ја прекинавме и тригодишната доминација на Металург во рамките на националниот куп.

vardarfans-1

Абутовиќ без сомнение уште по неговото доаѓање беше главен столб во одбраната на Вардар, каде неможеше да се замисли играта во овој дел од мечевите, без неговото име и присуство на теренот. Веќе во следната сезона, Абутовиќ успева да стане и шампион на Македонија, со екипата на Вардар, кога на решавачкиот натпревар на Кале избраниците на Вујовиќ го победија големиот ривал и прекинаа уште една традиција на тогаш големиот ривал. Претходно на теренот во Автокоманда одигравме со нерешен резултат. Малку недостастуваше истата сезона да се пласираме во групната фаза од ЕХФ купот, каде за само еден гол бевме елиминирани од Магдебург. Како одминуваа сезоните и Абутовиќ стануваше се подобар. Новата сезона 2013/14 ја дочекавме со нов сопственик, во името на Сергеј Самсоненко, но и со нов шеф на стручниот штаб, Зоран Кастратовиќ. Овие промени не влијаеа што се однесува до местото, прв избор во одбраната каде царуваше Абутовиќ. Дојдоа и заминаа неколку играчи на таа позиција, центар во одбраната, но местото на големиот борец остана загарантирано. Брзо ги освои симпатиите и на новиот тренер, Раул Гонзалес, кој веднаш го препозна неговиот голем потенцијал и чуство за игра во делот од одбраната. Наградата за добрите настапи дојде набрзо, кога во месец февруари 2014 година, клубот ги продолжи договорите со неколку играчи во тој период, а меѓу нив беше и Илија Абутовиќ кој доби нов тригодишен договорр, кој му важеше до јуни 2017 година.

vardarfans-dogovor

Истата година добива за прв пат повик и во националната репрезентација на Србија, која тогаш е предводена од Дејан Периќ, за пријателските мечеви со Катар. Следеа сезони, кога со Вардар на три пати стигна до најдобрите осум екипи во Европа, а врвот на неговата кариера до овој период ја достигнува со историскиот пласман на Ф4 во Келн. После елиминацијата на Фленсбург, на прес-конференцијата посебни честитки и пофалби за неговата пожртвуваност, Абутовиќ доби од неговиот соиграч и капитен, Столе Стоилов кој напомена дека тој е играч кој ретко се споменува, но дека можеби е најдобриот во овој состав, кој се бори како лав на секој нареден натпревар на Вардар.

vardarfans-izbor

Тој пред неколку дена добива уште едно големо признание и награда за безпоштедната борба и “пот“ која ја остава на теренот во дресот на Вардар. Клубот му нуди нов договор, кој Абутовиќ го прифаќа и истиот е со важност до јуни 2020 година. Ова е шеста сезона за него во Вардар и со новите три, тоа значи дека ќе биде најмалку девет години во Вардар. Во овој период освои три првенствени титули, четири национални купа, како и три трофеи во СЕХА-лигата. Се очекува колекцијата на титули да ја зголеми и во наредниве неколку дена, каде имаме големи шанси да ги одбраниме трофеите во првенството и купот на Македонија. Исто така има и 13 постигнати голови на натпреварите од лигата на шампиони. За сето ова освоено во споменатиот период, голема заслуга оди зад името на Илија Абутовиќ, кој ќе ја командува Вардаровата одбрана и во наредните сезони.

vardar-rajn-nekar-lsh-26-11-2016-96201