Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Академија-2 генер. “1998/99“ убедливи во дуелот со РК Шампион, во Јуниор лигата
Академија-2 генер. “1998/99“  убедливи во дуелот со РК Шампион, во Јуниор лигата

Академија-2 генер. “1998/99“ убедливи во дуелот со РК Шампион, во Јуниор лигата

Нов натпревар во највозрасната генрација, родени 1998/99 во машка конкуренција помеѓу екипите на Академија 2 и Шампион. Убедлив триумф за Академија 2 со резултат 34:23

Академија 2 во најголем дел од натпреварот имаше водство, единствено во првите пет минути тимот на Шампион одржуваше резултатска неизвесност. Во еден момент избраниците на Слободан Чивлачки дури и имаа предност од 4:5. Сепак следуваше серија од четири последователни голови на Академија 2 за највисоки во тие моменти 8:5. Оваа позитива ја одржуваа до крајот на првото полувреме, кога имаа водство од 17:14.

12804082_1565687080409010_1994091625_n

Целосен распад во играта на РК Шампион следиме во второто полувреме. Првиот гол го постигнаа дури после 6 минути игра во овој дел, а за тој период Академија 2 веќе имаше дадено три за водство од 20:15. Како одминуваше натпреварот, се повеќе се зголемуваше предноста на Академија 2, нова серија од погодоци за веќе недостижни 25:16. Набргу победничката екипа дојде и до двоцифрена предност од 29:19. Шампион немаше одговор за играта на противничкиот тим, квалитетот беше очигледен на страната на Академија 2, која сосема заслужено победи на овој меч. Конечниот резултат гласеше 34:23.