Вардар го доби полуфиналниот дуел против екипата на Металург и на тој начин се пласираше во големото финале на Купот, каде за противник ќе го има тимот на Еурофарм Пелистер. Во најголем дел од натпреварот, Вардар имаше предност и контрола на резултатот, освен во еден период од десет минути во првиот дел, кога му дозволивме на противникот да ја превземе предноста. Сепак во вториот дел, работите си дојдоа на свое место, па момците на Алушовски славеа лесна победа.
Какви се впечатоците од победата можете да прочитате од изјавата на тренерот Алушовски.
„Како што очекувавме oва беше натпревар во купот кој беше неивесен. Отворивме добро и направивме 8:3, а потоа пред сè со слабата игра во напад односно огромниот број промашени зицери го вративме противникот во игра, но на крајот од првиот дел имавме плус два. На стартот од второто полувреме рутински направивме разлика и го приведовме овој натпревар во наша победа. Пред нас е еден ден одмор и анализа за следниот противник. Имаме простор за напредок во играта и се надевам на најдобро во сабота. Имаме уште два дена до финале. Очекувам интересен натпревар, а Вардар е фаворит за освојување на титулата”