Во рамките на второто коло од СЕХА-Лигата, Вардар е домаќин на екипата на Нексе. Овој дуел ќе се одигра утре со почеток од 20:15 часот. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до вториот триумф во ова натпреварување откако претходно славеа во дуелот со Војводина.
Нексе знае да биде незгоден ривал, но Вардар игра на домашен терен и секогаш е фаворит, така размислува и стратегот Алушовски кој даде свои видување за утрешниот дуел.
„Нексе е многу посериозен и поквалитетен противник од Војводина. Да не заборавиме дека токму овој Нексе нè победи во Скопје во претходната сезона во СЕХА лигата, што би бил добар показател да видеме колку напредуваше Вардар од тој дуел до овој што е пред нас. И претходно сум кажал, но и сега ќе повторам – во СЕХА лигата Вардар секогаш е фаворит на свој терен и не бегаме од таа улога. Нексе е квалитетен противник, го анализиравме во овие два дена, но мислам дека Вардар е подготвен за овој предизвик и ќе се претстави во најдобро светло“