Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Верувам дека ќе одиграме подобро од првиот натпревар во Запорожје
Алушовски: Верувам дека ќе одиграме подобро од првиот натпревар во Запорожје

Алушовски: Верувам дека ќе одиграме подобро од првиот натпревар во Запорожје

Утре нов натпревар за тимот на РК Вардар. Во С.Ц. Јане Сандански во рамките на СЕХА-лигата ќе гостува екипата на Мотор Запорожје. Црвено-црните ќе се обидат да му вратат на противникот за поразот од првиот дуел во Украина, кога Мотор победи во висока разлика.

Вардар има проблеми со составување на тимот, а тренерот Алушовски верува во подобра игра од првиот натпревар одигран во Запорожје.

„Верувам дека против Мотор Запорожје ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч во Украина. Проблемите околу составот на екипата постојано се присутни. Дури утре ќе решиме со кои играчи ќе се спротиставиме на Мотор. Ловро Јотиќ се уште не тренира со екипата, а поради повреда неизвесни се и Патрик Валчак, Димитар Димитриоски, Иван Чупиќ и Борко Ристовски. Од првиот меч против Мотор извлековме доста поуки и се надевам ќе одиграме многу подобро. Сега влегуваме во жесток ритам на играње на четири фронта. Ќе треба да издржиме и да покажеме дека сме квалитетен тим. Очекувам да играме многу подобро“,

Натпреварот во петок ќе се одигра во терминот од 20:15 часот.