Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик за Вардарфанс: Голема заслуга за овие резултати на Вардар секако дека е и на “Комити“ и целата публика.
Арпад Штербик за Вардарфанс: Голема заслуга за овие резултати на Вардар секако дека е и на “Комити“ и целата публика.

Арпад Штербик за Вардарфанс: Голема заслуга за овие резултати на Вардар секако дека е и на “Комити“ и целата публика.

Црвено-црните напорно се подготвуваат за решавачката битка против екипата на Висла Плоцк. Негативата од шест гола некогаш многу значи во ракометот , но е и недостижна за нашите момци, кои веруваат во подвиг и продолжување на настапите во Лигата на Шампионите.

Своите очекувања за саботниот дуел ни ги пренесе, сигурно најдобриот голман во светот, Арпад Штербик.

-Овој резултат што го постигнавме таму не доведе во една тешка ситуација. Да се стигнат шест гола во ракометот, може и неможе. Тоа е една граница која за да се достигне, треба се да ни тргне од рака. Секако и оваа сала треба да биде преполна, атмосферата и ние да бидеме подготвени.

Имаме шеесет минути, кои се доволни чекор по чекор да ја анулираме негативата и на крај сите заедно да се радуваме.

- Најважно е да одиме малку по малку, гол по гол. Јас би сакал на полувреме да имаме предност од 2-3 гола предност. Ако брзо дојдеме до посакуваното водство можеме да се опуштиме. Ако до 20 минута водиме шест гола, што е речиси и невозможно може да дојде до пад на концетрацијата во продолжението. Затоа би посакал постепено да ја достигнеме таа негатива, и мислам дека можеме до целта.

Повторно се очекува Комити да бидат крилјата на овие момци што ќе излезат на терен , и осмиот играч на своите пулени.

-Голема заслуга за овие резултати на Вардар секако дека е и на “Комити“ и целата публика. Тие ни да даваат голема подршка, која мислам дека ја нема ниедна друга ракометна екипа во светот. Ги повикувам сите во голем број да дојдат во сабота, и да направат добра атмосфера. Се надевам дека на крај се ќе излезе позитивно за нас, и ќе продолжиме во 1/4, изјави Арпад Штербик за Вардарфанс.

Звонко Ивановски