Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Атанасовски: Играта во одбрана треба да биде „клучот“ за победа
Атанасовски: Играта во одбрана треба да биде „клучот“ за победа

Атанасовски: Играта во одбрана треба да биде „клучот“ за победа

Вардарци вечерва ќе го одиграат и претпоследниот натпревар во групната фаза од СЕХА-лигата. Наш гостин е екипата на Мотор Запорожје, кој е лидер во групата, екипа која најверојатно ќе заврши на првото место во групата. На првиот дуел одигран во Украина, Вардар беше високо поразен со резултат 30:23.

Во отсуство на капитенот Стоилов, шанса во екипата добива младиот Стефан Атанасовски кој ќе биде во ростерот на Алушовски и за вечерашниот дуел. Какви се неговите очекувањата прочитајте во продолжение:

„Играта во одбрана треба да биде клучот. Имаме можност уште да напредуваме и напорно работиме на тоа. Секако малку не отргнува од фокусот тоа што не сме комплетни ниту на тренинг, па мораме да менуваме во играта. Но, односот кон натпреварите и противниците ни остануваат исти, сакаме да покажеме дека сега кога е најтешко ќе играме најдобро. Мотор ни покажа каде треба да се подобриме и ќе треба трпеливо и мудро да играме на целиот меч.

Вечерашниот дуел ќе стартува од 20:15 часот со директен пренос на МРТ.