Од понеделник (19.ноември) во продажба се пуштаат билетите за натпреварот на Вардар во Лигата на Шампионите против екипата на Киелце, меч кој е закажан да се одигра на 1.декември во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот.
Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.
Цената на поединечните билети за дуелот со Кјелце се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk