Плеј-офот во најсилната супер лига ќе започне со градското дерби помеѓу екипите на Металург и Вардар. Веќе е објавен и официјалниот термин за овој натпревар, кој ќе биде прв оваа сезона за двете екипи, кои беа ослободени од настапи во регуларниот дел, поради обрските во СЕХА и лигата на шампиони. Мечот во спортската сала во населбата автокоманда ќе се одигра во недела со почеток од 18 часот. Како и претходните, така и оваа година меѓусебните дуели на овие две екипи ќе го дадат новиот шампион на Македонија. Од тука и значајноста на овој прв натпревар кој ќе го одиграме на гостински терен, Вардар е голем фаворит во пресрет на овој натпревар и таа улога треба да ја оправда на теренот.
Црвено-црните се актуелен освојувач на домашното првенсво и куп, откако претходните две сезони ја освојуваат двојната круна во Македонија. Оваа година Вардарци ќе атакуваат на единаесеттата титула во супер-лигата.