Искусниот голман, долгогодишниот чувар на мрежата на нашата репрезентација, Борко Ристовски уште една сезона ќе биде на голот на РК Вардар 1961. Тој сака да им помогне на своите помлади соиграчи Мартин Томовски и Васил Гогов.
Човек сум кој сака да даава шанса на помладите. Среќен сум и задоволен од развивањето на Томовски. Тој е меѓу трите најдобри ракометари во Лигата на шампионите, додека пак Гогов е млад. Треба да се става акцент на младите, секогаш кога имав можност им отстапував минутажа на двајцата во договор со тренерите- изјави Ристовски на денешната прес-конференција.